Kујна

Ево десет јадења кои мора да ги пробате

Раштан

Јадење од зеленчук кој личи на зелка е застапено од југ до север, kaj koe меснатиот прилог зависи од местото во кое се спрема. Па така да можете да изберете раштан со брашнени колбаси, суво месо, рebra, пастарма, сланина, свинска коленица. И покрај тоа што спаѓа во групата на зимски јадења, сепак морате да го пробате во било кое време кога ќе е посетите Црна Гора. Побарајте ресторан кој го спрема на традиционален начин-во котле на огниште. Има интензивен мирис, а по вкусот личи на броколи и прокељ. Исклучително е здраво јадење, богато со калиум, калциум, бета-каротин, лутеин, витамин Ц, Б1,Б2, Б9. Интересно е што раштанот има поголема нутритивна вредност сварен отколку сиров.

Јапраци

Раштанот и припаѓа на класичната црногорска куина. Покрај вообичаенато спремање со суво месо, колбаси и пастарма, можете да го пробате и во форма на јапраци. Малечки листови од раштан или од винова лоза филовани со месо, можете во еден касај да ги изедет кој долг се памти. Со нив ќе ве дочекаат на веселбите и славите. Совршено се комбинира со јаки пијалоци, а и со кисело млеко. Оваа Црногорска верзија на сарма можете да ја најдете во сите краеви на земјата, од југ до север. Раштанот е отпорно растение кое расте на приморје, но добро поднесува и зима. За време на мраз постанува помек и посладок.

Његушка пршута

Да се посети Цетиње и да не се проба Његушка пршута, тоа е исто какао да се посети Никшиќ и да не се проба Никшиќко пиво. И едното и другото се своедвидни симболи на Црна Гора, со тоа што заедно со овој меснати деликатес најдобро оди гроздова ракија-алкохолен пијалок који се произведува од грозје. Пршута представува суво свинско месо, чиа арома и вкус зависи од поднебјето во кое се спрема, а тајната на Његушката пршута лежи во специфичната клима на планината Ловќен, чии врвово го додтакнуваат небото над Бока Которска, каде што се спојува планинската и медитеранската клима. Се служи како предјадење, а се сервира со тиганици, жолто сирење и маслинки. Можете да го пробате низ целиот парк Ловќен. Ќе ви биде пријатен после долгите степеници кои водат до Његошевиот мавзолеј, шетањето по кралевската престолнина Цетиње, крастарењето по Скадарското езеро. Посебно задоволство е доколку се проба во село Његуши од каде и потекнува. Гастрономскиот настан ќе го потполни богатата историја на ова место, посетата на родената куќа на црногорското кралско семејство, но и посебниот поглед на заливот Бока.

Бокељски бродет

Од Цетиње можете низ познатите серпентини преку Његуши да се спуштите до Бокакоторскиот залив.

Временски возењето не трае долго, но неколку пати ќе застанувате поради уживање во прекрасниот поглед. Кога ќе дојдете во Котор нарачајте тањир Бокељски бродет. Ова вкусно медитеранско јадење од риба добро ќе ве оправи пред да почнете со разгледување на еден од десетте најубави заливи во светот. Бродерот се спрема по целиот јадран, со тоа што секое место има свој рецепт и раксз кој се зад него крие. Го измислиле рибарите да не ја фрлаат ситната риба која неможеле на пазар да ја продадат. Бокељскиот е посебен бидејќи за негово спремање се користи само една врста риба и тоа нјчесто груј, кој највкусно се спрема на овој начин, со бело вино, зеленчук и ароматични зачини. Проверите зашто го викаат бродет над секој бродет/најубав!.

Торта од Перас (Перастова торта)

Да се посети заливот, а да не се проба Престова торта, заедо со филџан кафе и со поглед на островот Госпа од Шкрпјела, би значело како да несте биле во Бока. Ова убаво колаче кое потекнува од романтичниот Пераст, представува вистинска Бокешка драгоценост. Какво може да биде ова колаче кога е правено по рецепт кој настанал со чиста љубов? Во минатото жените со него ги пречекувале и испраќале своите мажи морнари, па ова слатко представува симбол на љубов и верност. Перстовата торта долго време останува свежа, па морнарите ја јаделе со месеци со цел што подолго да уживаат во мирисот и вклусот на своите домови. Крцкава кора, вкус на мелени бадеми, мирис на лимон и ванила... Зарем не звучи фантастично?

Чадени крап

Националниот парк Скадарско езеро ќе ве воодушеви со богата природа, културно наследство, но и со маштовити начини на спремање риба. Најмногу се лови крап, плашица и јагула, а населението ги припремаат на рзни начини. Пробајте го крапот подготвен со суви сливи, јаболка и дуњи, печен со лук, сушен на сонце, чаден, мариниран или на подгорички начин. Задолжително пробајте го домашното виното, според кое е овој крај познат. Побарајтеја и рутата "Вински пат" во која можете да ги видете малите семејни винарии сместени во рибарските села на брегот од Скадарското езеро. Покрај крапот овде можете да пробате и други рибни деликатеси како што се јагула на скара и ли салата од плашици.

Тиганици и мед

Традиционалната црногорска куина не потсетува и на оние домаќинки кои со малку достапни состојки некогаш правеле вистински делиции. Едно од таквите јадења се топчиња од тесто кои личат на мекици-тиганици. Настанале од сиромаштија и се состојат од брашно и вода, но на трпезата се наоѓаат и денес. Ти се незаменливи прилог кај многу празници, како што е Бадник, а Црногорките ги спремаат барем еднаш неделно за доручек или вечера. Овај скромен производ од црногорската куина се служи во секое катче на земјата заедно со мед, Његушка пршута и Пљеваљско или Колашинско сирење.

Пљеваљско сирење

Пљеваљакото сирење исто како и Његушката пршута се наоѓа на листата заштитени црногорски производи кои со векови се произведуваат на исти начин. Својот квалитет му го должи на големата надморска висина, питомите пасишта, чистиот воздух и на тајната рецептура која е пренесувана од колено на колено. Спаѓа во групата на белите саламурни сирења, полутврди или меки, со или беѕ зреење. Се произведува од неварено млеко. Ова сирење е масно, просечно содржи околу 25% маст, се чува во каца целосно беѕ сечење на парчиња. Освен на Пљеваљското сирење, љубителите на сирење нема да му одолеат и на Његушкото и Колашинското лиснато сирење.

Јагнешко во млеко

Не го сакате јагнешкото на својот тањир поради интензивниот мирис? Сигурно не го имате пробано спремено на дурмиторски начин. Со варењето во млеко, месото го губи специфичниот мирис и станува меко и вкусно, а доколку му се додаде овчи кајмак се здибива со незаборавен вкус. Ова гастрономско уживање пробајте го во паузата при разгледувањето на раскошните убавини на националниот парк Дурмитор, но и при разгледувањето на целиот север од Црна Гора. Љубителите на месо нема да му одолеат ни на јагнешкото печено под сач кое се припрема подолго време, поради што месото е толку меко што самото се двои од коските. Сосот е превкусен, па ви предлагаме да нарачате и домашен леб кој ќе ви послужи за макање.

Смочани качамак (качамак натопен со млечни масти)

Смочани каачамак и цицвара се традиционални домашни јадења кои се спремаат за доручек во северниот дел од земјата и се служат со чаша кисело млеко. Толку се калорични така да до вечера нема да ви биде ништо потребно освен вода. Се прави од компери, брашно, кајмак и сирење според едноставен рецепт, меѓутоа не е лесно да се направи затоа што е потребна физичка сила за биење на смесата. Смочаниот качамак е потребно добро да се избие. Благодарение на силната и здравата исхрана, луѓето опстанале на планините во тешките условите на суровата околина. Црна Гора е мала земја полна со големи контрасти кои се приметуваат во спремањето и конзумирањето на храната. Доколку не верувате, порачајте смочани качамак на брегот на морето и ќе приметите колку чудно ќе ве гледаат. Тие нити го имаат јадено нити го имаат спремано.

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.