Kултура

Црна Гора е земја на разликите кои идеално се слагаат. Дека во Црна Гора живеат луѓе од различна вероисповест и култура ќе ви биде јасно кога само во еден град ќе видете православни манастири, католички катедрали, минарети... Склад и припаѓање се карактеристични за овој простор. Манастир Острог во Даниловград, Катедрала на Св. Трипун во Котор, џамијата на Хусеин Паша во Пљевља и бројни други кои сведочат дека соживотот е можен.

Кралева престолнина – Цетиње

Кога ќе се упатите на Цетиње битно е да одма знаете дека тоа е посебна црногоска сказна. Град музеј, град на владатели, историја, уметност, култура, град на кралевското семејство. Денес престолнина која тврдоглаво ја чува својата автентичност и традиција. Овде е скоро се нечепнато од времето кога по него чекореше кралевото семество Петровиќ. Кога ќе го посетите Орлов крш, Цетињски манастир, дворецот на крал Никола, Биљарда, Његошевиот маузолеј на Ловќен... ќе ви биде јасно зошто баш Цетиње е одбрано да биде кралско. Во градот под Ловќен се чуваат три големи христијански реликвии: икона на Богородица Филермоса, раката на Св. Јован Крстител и честица од Чесниот крст. Ова е само дел од она што Цетиње го чува...

Дурмиторски стеќци

Овие каменин надгробни споменици се под УНЕСЦО заштита и со векови наназад сведочат за времињата за која толку малку знаеме а носат голема доза на мистика. Најдобро се очувани на Дурмитор и ќе ги најдете во Барите на Жугиќи, Новаковиќи, Рудници но и ако појдете до пивските краишта во Плужине. Културниот феномен кој не е поврзан само со Црна Гора него и so соседните држави станува се поинтересен за археолози од целиот свет.

Римски мозаици

Дали можете со помош на мечтеење да залутате во епохата кога Римјаните владееле со овие краишта на Црна Гора? Поради тоа ви е доволно да ја посетете најстарата населба на Бока Которска - Рисан кои крие вистинска археолошка убавина – архитектонски споменик стар окулу две илјади години. Овде се наоѓа целосен комплекс на остатоци на римска вила Урбана од втор век од наша ера.

Дукља

Само 3км оддалечен од Подгорица се наоѓа древниот град Дукља кој во првиот век го основале Римјани. Спрема легендата овде е роден и римскиот император Диоклецијан. Сочувани се и остатоците на мноштвото објекти, конструкции и згради, а археолошките ископувања на место на древната населба се една од главните научни вредности и туристички атракции.

Црвена стена

Да се биде во Никшиќ и во Црна Гора воедно, а да не се посети најбитниот праисториски локалитет Црвена стијена е вистинска штета. Збор е за еден од потенцијално најбитните археолошки откритиа во Европа. Овде животот почнал пред 200.000 години. Пештерата била дом за праисториските жители давајќи им засолниште од временските и другите непогоди. Денес трагите на некогашниот живот даваат драгоцени информации за историјата на Балканот но и на Европа.

Брсково

Во тек на 13. и 14. век Брсково беше еден од најразвиените и најбитните рударски градови во регионот, а едно време и кралевиот двор. Денес овде е Мојковац, кој ги чува остатоците на кулата, ископини на стари ѕидини и огромен археолошки потенцијал кои е неистражен.

Ахмет и Пава

Во близина на Бијело Поље, историјата ја чува сказната за мултиетничност и толеранција. За тоа сведочат два надгробни споменици во Вранешка долина на која е прикажана љубовта на еден Паве и Ахмет – паша. На едниот е крст додека на другиот се наоѓа полумесец, а заедно праќаат порака за суштинските цивилизациски вредности.

МУНИЦИПИУМ С

На крајниот север во место Комини кај Пљевља се кријат остатоците на уште еден римски град. Се уште неистражена некропола на мистериозниот археолошки локалитет представува едно од најбитните антички откритиа во Црна Гора. Се верува дека во II век некрополата прераснала во град во кои живееле Илири и Романи.

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.