Aктивен одмор

Доколку сакате одмор кој ќе ве ослободи од стрес, кој ќе ве врати кон природата и кој ќе стори пак да се чувствувате послни со енергија - одлучете се за активен одмор во Црна Гора ! Планини, море, реки, езера и кањони – одберете ја својата авантура и доживејте лето за памтење.

Хајкинг

Освен которските бедеми и калето Св. Иван од која се протега чувената глетка на заливот, Иванови корита и Његошев маузолеј, Савин кук и Црно езеро, прошетајте и низ нестварната планина Лукавица до Капетаново езеро, поминете го кањонот Мртвица и Капија Жеља, открите го Трновачко езеро во облик на срце и доживејте го Оријен во ноќ на полна месечина. Оние кој сакаат да ги освојат црногорските Алпи – Проклетије, ги чека предизвик – патека Врхови Балкана но и планинска и пешачка рута Виа Динарика која Национал Географик Тревелер ја наведе како една од најдобрите дестинацији на светот. И уште многу...

Бајкинг

Стази за велосипеди кој ја поврзуваат природната убавина на Црна Гора, поради тоа не пропуштајте да искусите некој од ними, како на пример она која почнува од рибарското село Додоши, низ мочуришниот предел на Скадарско езеро се до калето Забљак на Црнојевиќи. Прилагодена е за рекреатвици, како популарната осумка патека која почнува во Плав и поминувајќи покрај исто нареченото езеро, планината Висито и реката Ључе, води до Гусиње и назад на почетната точка, по патека во олик на број осум. Доколку љубите предизвици пробајте ја патеката Бескрајни пејзажи која почнува во Подгорица и оди низ пет општини: Даниловград, Шавник, Плужине, Жабљак и Колашин. Освен неа, во Црна Гора ве чекаат уште четири национални патеки: Солено и слатко, Откритија на север, Волшебен исток и Сказни покрај вода.

Рафтинг

Рафтинг на Тара сам по себе е доволна причина за да е посетите Црна Гора. Ова незаборавно искуство спуштање со гумени чамци, со совладување на брзаци со пена е предизвик преполн со адреналин кој ќе ви ја врати насмевката на лицето. Освен тоа што е најчистата река во Европа, Тара спаѓа во комплексот три најатрактивни реки на светот за сплаварење.

Кањониг

Најдлабокиот европски кањон се наоѓа точно овде, па не е чудно што е атрактивноста на Црна Гора како кањонинг дестинација. Освен познатата Тара тука е и мистериозниот кањон Невидио, а доколку неговата „капија камиказа„ ви звучи езиво, ве предизвикувам да го пробате кањонот Грље на Проклетие. Дали е поубава барската Вруќа Река или пак Шкудра од Котор на вас е да откриете.

Параглајдинг

Дружење со облаци над небото над Црна Гора е авантура за себе. Петар Лончар првиот пилот на светот кој со параглајдер леташе над сите седум континенти вели дека единствено Дурмитор заборав нема. Други пак велат дека летот над Бока которска е еден од најубавите на светот, а местото за полетување Диздарица кај Херцег Нови е Мека за љубителите на овој ектремен спорт. Освен на Дурмитор и Орјен, места за полетување межете да најдете на Виситор и Брајиќи.

Кајтсурфинг

Кајтсурфери ја обожаваат Големата плажа (Велика Плажа) 13км која подсетува на пустински дини, а тука се наоѓа и најголемиот кајтсурф центар на Балканот. Ова место има посебна енергија која тешко се раскажува со зборови. Истото важи и за Вржијо езеро на Дурмитор, а вљубените во кајт понекогаш можат да ги испробаат својте способности и во тесните Вериге или на езерото Крупац.

Флај фишинг

Благодарејќи му на Плавското езеро и реките Ључа, Лим и Злоречица, Црна Гора се појави на флај фишинг мапата на светот. Европско првенство во ова спортска дисциплина се одржа минатата година во Беране, Плав и Андријевица, а задоволните такмичари ја прогласиа ова мала, балканска земја како нова омилена флај фишинг дестинација. Овој вид на пецање за многумина е терапија во природа и има своја долга традиција и на реката Тара во делот блиску до Мојковац кој е идеален за овој вид на спорт.

Зип лајн

Дали сте за лет над спектакуларниот кањон на Тара на височина од 150м ? Или можеби повеќе би сакале на ова авантура да и се препуштете над езеро, како на пример Пивско? Подеднакво добро е да се проба и зип лајн над Бока Которска на чувени Његуши. Одберете ја својата зип лајн авантура, најдете добро друштво и нека ова биде вашето лето за памтење!

Нуркање

Отријте скриени тунели, пеќини и гребени на островот Свети Никола, истражете го Посејдоновиот град на полуостровот Луштица и погледнете во пеќината Слатка пеќина која се наоѓа на ртот Бигово. На поедините делови од будванските плажи Јаз и Словенска ќе најдете нуркачки места за капење. Чудесниот подводен свет на јужниот Јадран го крие и остатокот на бродот на Југословенска војна морнарица, но и уште многу други интересни работи...

Хорс рајдинг

Ако не можете да си го замислите својот одмор во природа без јавање коњи и ако верувате во посебната врска помеѓу ова племенито животно и човекот, тогаш сте на вистинското место! Уживајте во пустоловините на преубавите планински предели, како на пример Павино поле и запознајте ги домаќините – кои ќе ве подсетат на одамно заборавените херои. На овој релаксиран спорт можете да му се предадете и на Ада Бојана – за кој докторите тврдат дека има терапеутско влијаније. Исто така, на Монт Џој ранч можете да пробате хипотерапија – физикална терапија со помош на коњ.

Клајмбинг

Ја сакате на природата и се помалку им завидувате на планинарите, на чувството на слобода кога ќе се искачат на врвот ? Ако е така морате да ја пробате Виа Ферата – безбедно качување по стрми карпи. Време е од поблиску да ги запосзнаете планините над Котор, но и да го освоите неговото величество - Дурмитор. Освен Виа Ферата, својте способности за качување можете да ги испробате и на местото за качување Смоковац, блиску до Подгорица.

Авантуристички паркови

За ден исполнет со смеа и добра забава во природата посетете некој од Авантуристичките паркови. За кои и да се одлучете – Оријен, Иванови корита, парк шума Горица, Колашин или Црно езеро – нема да згрешите. Било да сте со друштво или фамилијарно поставете си цел и проверете кои се вашите граници на издржливост и спретност. Децата ќе уживаат посебно и долго ќе раскажуваат за ова нивна авантура со родителите.

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.