Катуни и селски одмор

Дали приметивте дека во луѓето се буди потреба за природата и едноставниот начин на живот? Ништо не е скроено по мерка на човековата душа како обична дрвена куќарка во планина. Добре дојдовте на село, добре дојдовте на катун!

Катуни

Скромни населби, формирани зарад сточарите како би можеле во тек на летните месеци да обезбедат доволно храна за својте стада, кој ќе ги најдете на сите црногорски планини. Се огледаат во езера, како што е Букумирско, му се инатат на современиот начин на живот и не во исто време не подсетуваат колку само за пар генерации сме оддалеченид од својата суштина. Ретки се оние кои и сега доаѓаат на катуните и ја чуваат својата традиција од тотален заборав. Во катуните се јаде храна која е целосно домашна и непреработана, а ниедено јадење не минува без млечни производи кој неможат да се споредат ни со едни купени во градот. Доколку се најдете на некој од катуните , од домаќинот ќе чујете мноштво легенди, анегдоти и ќе го научите она најбитното – дека времето минато во природата е непоновливо чуство. Време е да и се вратиме, зарем не?

Одмор на село

Повеќето црногорски села им припаѓа на заштитените подрачја, било да се наоѓаат во позадината на Јадранот или на север од замјата. Раскошна природа, богата со вода, ретко населена ги претвори во вистински зелени оази. Секое е автентично, посебно и поинакво, а задолжително поесетете ги Његуши, Горна Ластва, Лимљани, Загарач, Лубнице, Јапан,... но и оние туристички, етно села во предел на Пива, по должината на кањонот на Тара и Комарница, во прашумата на Биоградска гора, на Дурмитор... Тоа што ќе се вљубите во секој предел на црногорските села не доаѓа во прашање. Вашите срца додатно ќе ги освојат домаќините кој на секој патник еднакво му се радуваат и го прифаќаат како член на семејството. Поради тоа поздравете се со секој, зошто новите пријателства ќе ве однесат на ново запознавање со Црна Гора. Доколку сте добро расположени, на село секогаш има работа така да на домаќинот можете да му помогнете окулу средување на градината - тоа додатно ќе биде авантура полна со настани.

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.