Панорамски патеки

Сакате да се запознаете со дивата убавина на Црна Гора ама немате време за истражување на сите планински врвови, кањони, места со глетки, езера и водопади ? Панорамските рути се вистинскиот избор за вас! Овие пет фанстастични патишта ги собираат сите природни и културни атракции во една приказна, што ќе рече дека можете да бидете сигурни дека не прескочивте ни една. Одберете ја својата и препуштете и се на природата.

Круг окулу Корита

Почнува од Подгорица, низ планинскиот космос на границата со Албанија – предел Кучи, све до кањонот на реката Цијевна. Ве чека 65км уживање во нестварни места со глетки, автентични села, интересни историски приказни, божанствена храна и се подразбира - природа. Ќе ве воодушеви музејот на Марко Миљанов каде што можете да унајмите аудио водич и да научите повеќе за животот на црногорците пред 200 години, но еден од најубавите моменти е пешачење до место со глетка наречено „Грло Соколово“.

Прстен окулу Дурмитор

Прстен е прстен па од каде и да тргнете ќе се вратитие на почетното место. Но ништо повеќе нема да биде исто. Ќе го запознете „директорот“ лично, како што поетите го нарекоа Дурмитор , ќе се вљубите во нечепнатата природа и едно село ! Мала Црна Гора е остров на копно каде што животот поминува како и пред 100 години. Освен националниот парк Дурмитор кој е под заштита на УНЕСКО на ова 76км долга рута ќе се запозните и со непоновлива убавина на Паркот на природа Пива. Тргнете од Жабљак и користете аудио водач кој ќе ви помогне во навигација.

Помеѓу два волшебна брега

Некогаш биле едно а денес ги дели градот Бар ? Одговорот е – Јадранко море и Скадарско езеро ! Помеѓу овие две водени површини се наоѓа чудесното барско крајбрежје. Прошетајте се низ маслињаците, лозјето и посетете ги рустичните села како на пример Годиње, посетете ги манастирите и седумте места со глетка од кој застанува здивот. Мештаните ова 115км тура ја започнуваат во Туѓемили каде што нивните преддци. Во давната 1042 година ја победиле моќната Византија.

Круна на Црна Гора

Панорамски пат долг повеќе од 800 км започнува во Подгорица, па по долината на реките Зета и Никшиќ доаѓате до идиличното градче на брегот на Пивско езеро - Плужине. По обиколката окулу „Дурмиторскиот прстен“ и по сликање покрај Вражје езеро ве чекаат едни од најубавите црногорски предели: кањон Невидио, Биоградска гора, Мост на Ѓурѓевиќа Тари... Круна на Црна Гора, панорамски пат наречен по високите планини се завршува во Рожаје и е вистинска убавина за авантуристи.

Море и висини

Сите се помалце вљубени во тој величенствен фјорд – Бока Которска. Доколу и вам ви се десила љубов на прва поглед, по панорамскиот пат „Море и висини“ можете подобро да го видите од сите аголи. Се тргнува од на море поточно од Херцег Нови и се до Котор едно по друго се низат сликовити места како Рисан и Пераст. Потоа се качувате на Ловќен, па убавата Бока ја гледате од 1657м надморска височина. Не вреди, се уште се вљубени, а поради тоа и ја викаат Невестата на Јадранот. Патот се наставува со атрактивна будванска ревиера и се завршува на брегот на Скадарското езеро.

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.