Релаксација

Доколку дивата убавина ве асоцира повеќе на медитација одколку авантура – имаме добри вести за вас! Во Црна Гора можете да се релаксирате на помирни начини, а природата ќе ви донесе спокој и задоволство. Пријатели се затоа и тука, зар не?

Бушкрафт

Одличен начин да се спијателите со природата е да го совладате предизвикот на преживување во истата. На тоа не учи бушкрафт – како да се снајдеме и преживееме во дивината. Наравно не мора да биде толку екстремно. Доволно е да се организира излет во природа, да се берат печурки и лековити растенија, да се запали оган и да се прозбори со чобаните додека нешто вкусно се крчка под ведро небо.

Јога во природа

Јога на чист воздух е проверен начин за разбистрување на главата и ослободување од стресот на кој сме изложени. Можете да вежбате на плажа, на брегот од езеро, остров или на некој од планинските врвови. Тука се и јога камповите налик на оној на брегот на реката Тара.

Ребаланс во природата

Некогаш допирот на природата е доволен за да се излечиме од болката на современиот начин на живот, но често пати и совет од страна на стручни лица е добредојден. Зошто не би ги имале двете ? Во Црна Гора се активни работилници во природа на чије чело се стручни терапеути и планински водач. Тие ќе ве подсетат како да го најдете вистинскиот баланс низ лесни пешачки тури и муабет.

Фарма со магариња

За фармата со магариња во близината на Данииловград пишуваше и Лонли Планет. Ова не е туристичка атракција, туку чиста љубов! Иако нуди сместување и прима посетители, фармата настана поради заштита на магариња од изумирање. Овие загрозени животни имаат живот каков што заслужуваат – слободно трчаат, слушаат музика и уживаат во вниманието на посетителите кој како подарок им носат моркови. За возврат лековитото магарешко млеко го наоѓа својот пат до децата на кој им е потребно. Кога ќе појдете на фармата обавезно земете морков со себе, како влезница.

Кампинг и глампинг

Доколку вашиот начин на уживање е кампување во природа, ќе ве израдува убавината на местата достапни за овој вид на активност во Црна Гора! Ги има од Бока Которска до крајниот север на државата, а најпознати се авто камповите во Бока, Велика плажа, Утјеха, Плав и Плужине... Во Црна Гора можете да вкусите и глампинг. Местата се на Пивско езеро и во близина на Скадарско езеро, а искуства фантастични.

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.