Како да се дојде?

По сите можни патеви и со сите средства. Во секое доба на годината, по копно, море или воздух. Со авион, брод, јахта, воз, велосипед, автомобил...

Како и да стигнете, потоа никоја дестинација не е далеку ниту е недостапна. Овде се е можно, дури и да на сабајле бидете на врв од планина, попладне во чун на езеро, а на зајди сонце на морски брег.

www.omio.com

Со авион

Од повеќето европски метрополи лет до Црна Гора трае само два часа. Постојат два модерни аеродроми, во Подгорица 12 км од градот и во Тиват 4 км од центрот на градот.

www.montenegroairports.com

Со брод

Пристаништата во Бар, Будва, Котор и Херцег Нови имаат статус на пристаниште за меѓународен сообраќај.

За најубавите и најголемите јахти (до 150м должина) постои Порто Монтенегро во Тиват, која е марина со сеобфатни услуги.

www.montenegrolines.net

Со автобус

Видете го распоредот, резервирајте или едноставно купете билет преку сервисот.

BusTicket4.me

Со автомобил

Патиштата се солидни, морето и високите планини се поврзани со Јадранска магистрала и со пат Рисан – Жабљак. Од Подгорица до море најбрзо се доаѓа преку тунелот Созина.

Вкупна должина на патиштата во Црна Гора је 5.277 км. Во Црна Гора нема автопатишта, но постојат патишта и нивни делници со по три ленти за возење.

Инфо: Изградба на автопат е во тек.

Кол центар Авто-мото сојуз на ЦГ 19807

Со воз

Вкупната должина на железничката мрежа во Црна Гора изнесува 335,46 км. Со ова мрежа е поврзана со Србија и Албанија. Најбитната пруга е Бар – Београд која е од значење за стопанството на Црна Гора, Србија и Европа и по која доаѓаат туристи од Србија, Албанија, Унгарија, Чешка и Русија.

Валиден ред на возење

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.