Препораки до туристите
Уживање и рекреација е се што посакуваме од одмор. Сепак, за да патувањето биде спокојно, важно е да бидеме сигурни. Затоа адекватно информисање и подготовка за пат се најбитни за одмор без изненадувања, освен оние кои се пријатни.
Следните препораки се за сите кој се спремаат да се упатат во Црна Гора:
На пат
- На пат тргнете одморни
- Доколку патувате со автомобил, избегнувајте сообраќајни гужви и пред тргнување информирајте се за состојбата на патиштата
- Адаптирајте ја брзината спрема условите на патот и почитувајте ги пропишаните ограничувања на брзина
- Возете со адекватни обувки, не користете ги мобилните телефони во тек на возење, а истото се однесува и за алкохол и газирани пијалаци
- Доколку патувате со мали деца, се детално испланирајте и имајте се при рака
- Припремете доволно храна и вода за децата и клима уредите користете ги умерено
- Доколку патите од хронични од заболувања треба да бидете посебно внимателни
- Пред се треба да се распрашате за квалитетот и достапноста на локалната здравствената заштита во местото каде што ќе го поминете годишниот одморот
На море
- Се препорачува умерено сончање во утрешниот период до 10 и од 17 часот со задолжително користење на заштитни средства посебно за деца
- Сончање не се препорачува во период од 10 до 17 часот
- Не одалечувајте се од брегот надвор од означениот простор и не користете пловни средства таму каде што не е дозволено
- Не се изложувајте на опасност кога ќе пливате и нуркате
- Доколку во тек на сончање осетите замор, малаксалост, главоболка, повраќање, зголемена температура треба одма да му кажете на спасителот на плажата и во најблиската здравствена установа
На излети во природа
- Треба детално да се запознаете со местото каде што ќе бидете во природа и треба да ја проверете најавената временска прогноза
- До вашата коначна дестинација користете обележани стази и патишта и облечете се и обујте адекватно
- Припремите доволна количина на вода
- Задолжително наполнете ги батериите на мобилните телефони и елетриките и земете резерни батерии за истите
- На излет во природа децата водете ги по вас само во случај доколку е детално планиран излет
- Во тек на вашиот престој во природата не палете оган и не фрлајте пикавци и запаливи предмети
Корисни контакти:
- Служба за спасување 123
- Полиција 122
- Брза Помош 124
- Монтенегро кустомер кер 0 8000 1300
- Кол центар Авто-мото сојуз на ЦГ 19807