Воздушни: Аеродром Подгорица (TGD) и Аеродром Тиват (TIV) - www.montenegroairports.com
Друмски: со Србија ( Ранче, Чемерно, Добраково, Драченовац, Вуче), со Косово (Кула), со Албанија (Божај, Сукобин, Грнчар), со БиХ (Ситница, Илино брдо, Враќеновиќи, Крстац, Нудо, Шќепан Поље, Метаљка, Шула), со Хрватска (Дебели брег, Кобила)
Железнички: Бијело Поље и Тузи
Поморски: пристаништа: Бар, Будва, Котор, Зеленика, Кумбор (Портонови)
ВИЗЕН РЕЖИМ - www.mvp.gov.me
Во тек на престојување во Црна Гора во обрвска сте да извршите пријава и одјава на вашиот престој.
До колку престојувате во хотел, приватен смештај или некој други угостителски објект, вашиот домаќин е должен да го пријави вашиот престој во рок од 12 сати од вашето доаѓање и да изврши одјава на вашиот престој.
До колку сте странци и во Црна Гора престојувате туристички, а не ги користите услугите на давателот на местото за смештај, својот престој можете да го пријавите во локалната туристичка агенција или во полиција во местото каде што престојувате, односно преку надлежниот орган на локалната управа во рок од 24 часа од доаѓање.
Доколку во Црна Гора престојувате во повеќе општини, престојот сте должни да го пријавите во секоја општина во која останувате подолго од 24 часа.
Пријавата е предмет на контрола !
Доколки планирате планинарска тура која го вклучува поминот на границата на места без гранични премини (на пр.на Проклетије, Хајла, Љубишња, Камена Гора, Маглич, Орјен....) потребно е да ја испоштовате законската процедура.
Неопходно е да упатите барање за премин на граница на места на кои нема граничен премин до надлежните институцији, односно до гранична полиција на државата од која излегувате. Граничната полиција на државата од која излегувате ќе ги превземе сите потребни мерки со цел да ви обезбеди несметан премин.
Во тек на планирање на излез од Црна Гора и нејзината граница надвор од официјалните гранични премини, упатите барање до Испостава на гранична полиција која е надлежна за тој реон (контакт во додатокот) и тие благовремено ќе ви ја достават повратната информација. Надлежната организациона единица на граничната полиција во соработка со граничната полиција на соседната држава ќе ги обезбеди сите можни услови за вашиот несметан и сигурен премин за тоа ќе ве известат.
Барањето може да се поднесе за групи како и за индивидуални премини на границата.
Доколку не сте сигурни на кој реон му припаѓа областа за која поднесувате барање, ве молиме вашето барање да го пратите по емаил адреса на: direktor@policija.me или sefkabineta@policija.me.
Со пополнет формулар потребно е да се прати и скенирана патна легитимација исто така со помош на емаил или факс.
Во склад со Правилникот за услови за некомерцијално движење на куќни миленичиња „Куќни миленици – кучиња, мачки можат некомерцијално да се движат (до 5 домашни миленици, не помлади од три месеци) доколку:
Animal health certificate for the non-commercial movement into Montenegro