Kањони

Природата дефинитивно била благо наклонета кога ги правела коритата на реките во Црна Гора. Овде ќе го видете најдлабокиот европски кањон, но и кањонот кој е вистински предизвик и за најхрабрите. Црна Гора е без сомнение најубавиот спој на камен и вода.

Тара

Со својте 156км должина и длабочина која достига 1300м кањонот Тара званично е најдлабок и најостар кањон во Европа и втор по големина во светот. Го викаат Европски Колорадо но и солза на Европа. Кој не пил вода од бистра Тара и не сплаварел по нејзини мраз ладни брзаци тој не зне што е авантура. Го краси величествен Мост на Ѓурѓевиќа Тари одкаде можете да пробате занимлива авантура – зип лајн на височина од 150. Над длабоката кањонска клисура.

Невидо

Дурмиторска атракција од која ве фаќа страв но и крева адреналин. Последно откриен кањон во Европа, тесен, длабок, мистичен. Река Комарница била упорна и се пробила низ планината и им даде ветер во плешти на сите авантуристи кој ќе трнат во освојување на ова дива убавина. Кога ќе ја освоите, одморете со лесна прошетка низ густите шуми на Паркот на природата Драгашница и Комарница.

Цијевна

Кањонот Цијевна се наоѓа помеѓу планините Проклетије и Ќемовска долина, па нејзините брегови се едни од омилените излетувалишта за жителите на Подгорица. Ова река прави и водопади а најпознатите и воедно и најубавите се Нијагарини водопади.

Шкурда

Верувале или не Котор има се па и кањон Шкурда. Се наоѓа над бедемите на стариот град на сосема скриено место.Ќе се изненадите дека на само половина час од море постојат дури 26 водопади со големина и до 40 метри !

Врела река

Покрај тоа што се очекува дека кањоните се планински, уште еден и тоа можеби најимпресивен се наоѓа на приморје во близина на Бар. Кога ќе го освојувате ќе се сретнете со бројни езера што го чинат уште поединствен. По пат да се пее – „на скривено те водим место„

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.