Национални Паркови

Црна Гора има 5 национални паркови. Секој од ними се свет за себе и единствена сказна. Овде се уште можете да најдете нечепната природа и луѓе кои живеат со склад со нејзе. Ајде да ја запознаеме!

НП Скадарско езеро

Кога од подгоричкиот аеродром ќе тргнете према море, ќе поминете низ неочекувано убав пејзаж. Тиркизно водно пространство, прекриено со тепих од лопени, испресечено со бројни острови... Добредојдовте во срцето на Црна Гора - Национален парк Скадараско езеро ! 222км² на овој чудесен екосистем заштитен е од 1983 година, а на Рамсар листа на мочуришта од меѓународнео значење се наоѓа од 1995 година. Живописни рибарски села како на пример Каруч, Додоши, Река Црнојевиќа, песочни плажи, манастири и места со глетка се дел од панорамката рута Море и висине и Помеѓу два магични брега. За љубителите на флора и фауна овој парк е вистински оринтолошки рај поради тоа што на езерото живее окули 280 видови на птици, што го чини за едно од најголемите птичии станишта на светот. Приклучете му се на набљудувањето на птиците како на пример кудрав пеликан, а после обиколка на езерото дегустирајте ги локалните специјалитети – крап и плашици со чаша домашно вино.

НП Ловќен

Ове се наоѓа едно од топ 10 места кое морате да ги посетите додека сте во Црна Гора - Његошевиот маузолеј. Споменик до кој води 461 степеник, воедно е и гробот на црногорскиот владател поет и филозоф Петар II Петровиќ Његош. Посетете ја и родната куќа на овој голем човек која се наоѓа во село Његуши. После посета на Иванови корита, во рамка на панорамнскиот пат Море и Висине спуштете се до Котор по старите серпентини - вијугав пат во облик на буквата М и уживајте во најубавата глетка на светот на Бока Которска. На НП Ловќен пронајдете ја својата доза на авантура во склоп на Авантуристички парк Ловќен или пробајте зип лајн во Његуши. Сигурни сме дека ќе бидете многу гладни на крајот од денот , но не се грижете овие краишта се познати по најдобриот и превкусниот Његушки пршут и сирење.

НП Дурмитор

Додека му се приближувате на Жабљак, низ питоми пасишта, можете да предпоставите дека во прашање е нешто посебно. 3900ха од ова навистина нечепната убавина е прогласено за заштитено подрачје 1952 година а се наоѓа и на листата на УНЕСЦО на Светското природно и културно наследство. Освен планинскиот див Дурмитор , националниот парк ги обфаќа и кањоните на Тара, Драга, Сушица и Комарница а тука е и последно откриениот кањон на Европа – Невидио. Познати се по најдобриот рафтинг во овој дел на Европа. Овде ќе наједете дури повеќе од 48 врвови над 2000 мнв, 18 леднички езера и мистични средновековни надгробни споменици – стеќки. Највисокиот врв Боботов кук за многумина планинари е недостижен , а оние кои го освоиле ги раскажуваат своите мали хероиски искуства. Доколку не ви се оди на највисокиот врв испробајте ја Виа Ферата. За оние кои тек би сакале да го запознаат Дурмитор , вистинската препорака е да појдат на панорамскиот пат Прстен окулу Дурмитор - ќе видите поради што е овој национален парк толку единствен. Доколу сте авантуриста во душа и сакате да видете се од птичија перспектива, тогаш пробајте параглајдинг - глетката е непоновлива!

НП Биоградска гора

Најмалиот национален парк се стуткал,, на планината Бјеласица, од десна страна на река Тара. Некогаш ова беше Кралевиот забран што значи дека одавно било под посебен третман. Во паркот се наоѓа Биоградско езеро, настанато со спуштање на мраз од Бјеласица , но секако дека мештаните имаат своја везија. Овде се сретнале шумските самовили и го опиле светот. Благодарејќи ја на нивната магија тука во срцето на Европа опстанала прашума една од трите последни на Стариот континент. Случајност ? До ова прашума ќе стигнете кога ќе почнете да го откривате панорамскиот пат Круна на Црна Гора, а одмор од прошетка може да најдете на катуните кои ќе ве вратат во некое сосема друго време.

НП Проклетије

Аустиски геолог Ами Боуе ги нарече Проклетије Алпите од југот на Европа и тој прекар им остана и до ден денес. 20 врвови до кој нема пристап со повеќе од 2.500 мнв ги плашат и наискусните планинари. Од друга страна тука е и убавото Хридско езеро кое зрачи со ведрина. На дното ќе приметите многу сјајен накит кој посетителите со години го фрлале верувајќи дека ќе им донесе среќа. Најмладиот национален парк се прогласен за заштитено подрачје 2009, а ги обфаќа териториите на општини Плави и Гусиње. Кога ќе дојдете во овие краишта ќе имате можност да поминете низ панорамскиот пат Круна на Црна Гора но и да дознаете за уште некоја локална сказна или легенда од љубезните домаќини која со децении живее на планината и нејзините катуни.

 

www.nparkovi.me

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.