За Црна Гора велат дека е земја на камењата. Во тие камења природата го бараше својот мир милиони години назад и така по себе остави многу чудесни пештерски атракции кој кај секој го будат истражувачкиот дух.
На Луштица блиску до Херцег Нови се крие пештера на море. Доби специфично име поради тоа што водата со помош на Сонцето бива тиркизно сина а на ѕидовите се кршат сите нијанси на лето. Капење во нејзе е искуство без преседан.
Ова пештерско чудо кое е блиску до Цетиње природата го прави веќе шес милиони години. Откриена е пред 200 години, а денес е поради своите простории, ходници и пештерски украси туристичка дестинација која не може да се заобиколи и идеална е за семејни прошетки.
Црна Гора, блиску до Бијело Поље, ја крие пештерата за која многумина мислат дека е најубавата и најголемата во Европа. Се уште не е целосно истражена, но спелеолошка вредност на нејзините ходници и езера е огромна. Е освојуваат само најдобрите спелеолози.
Све ќе видите во Црна Гора па и леден пештерски хол. Се наоѓа на Дурмитор и во нејзе водата е камен студена и во среде лето. Поради тоа во нејзе се ствараат ледени фигури кој можат да бидат високи колку човек. Импресивно зарем не ?
Блиску до Беране се крие вистинско археолошко богатство. Во областа на Поломље археолозите откриле Тумба град кој настанал 4500 години пред нова ера. Предмети од керамика и бројни други пронајдени остатоци го прават ова место вечно мистериозно.
Во близина на Петњица се наоѓа едно од најбитните археолошки откритиа во Црна Гора – локалитет Торине, во Радманска клисура, со чувена заѕидана пештера. Торине е највредното и најбитното откритие од помлад бронзан период – енеолит. Овде археолозите ја пронашле единствената женска фигура стара 5000 години. На длабочина од само пола метро откриена е и куќа од бронзан период. Овие и останатите пронајдени предмети се чуваат во Полимскиот музеј во Беране.