Природни паркови

Паркот на природата Пива

Реката Пива во својот поголем дел е претворена во езеро. Но таа не е само река а ни само езеро. Добредојдовте во паркот на природата Пива – црногорско богатство на импресивна убавина ! Се протега на површина од 32,5 илјади хектри и го обфаќа малото градче Плужине. Освен Пивско езеро и кањонот Комарница тука е и Трновачко езеро во облик на срце. Посетете го Соко град – кале од 14. Век, пештерата Одмут, спомен комплекс во Долим и за овие краишта од големо значење манастирот Пива. Кој дојде во Пива и посака да се префрли од една страна на друга може, но со зип лајн. После ова адреналинска убавина, одмор и мир пронајдете во истражување на панорамската рута Прстен окулу Дурмитор кој е во близина.

Парк на природата Оријен

Една од највпечатливите приморски планини, стеновит Орјен, нема кого го оставил рамнодушен. Отсекогаш интригирала со својата дива убавина и богато историско наследство, а за заштитено подрачје е прогласена во 2018 година. Прошетајте се по необичните патеки, откријте го Тајниот рид, гледајте во крајбрежните катуни, слушнете ги легендите и уживајте во прекрасниот поглед на Бока Которска. Орјен има свој авантурстички парк на Врбај, кој го обожаваат и постари и помлади луѓе. Овие крајбрежни и планински области се дел од панорамскиот пат Море и Висина. Затоа параглајдерството од Диздарица е на списокот со желби на секој турист.

Парк на природата Зета

Зета е река, без чие постоење не би бил можен животот во централниот дел на Црна Гора. На крајот на 2019 година, добива статус на Парк на природата. Локациите како што е Туњево - природен резерват со изворска вода и атрактивна плажа, Обоштица, Спуж, Спушки и Царев мост отсекогаш биле вистинска оаза за бегство кон природата. Панорамскиот пат наречен Круната на Црна Гора ќе ве доведе и до Зета, но најубаво е овие централни области да ги искусите со велосипед. На секој чекор можете да одморите на бреговите и да го продолжете патувањето до кнезовиот Даниловград или до манастирот Острог.

Парк на природата Комови

Импресивно ги разделуваат облаците во југоисточниот дел на Црна Гора, овој парк се смета за царство на зеленилото и здравјето. Ако ги прашате планинарите Комови, претсатавуваат повеќе од планина тие се неисцрпна инспирација, како за посетителите така и за писателите, за сите оние кои ја бараат убавината, мирот, слободата и спокојството. Преку панорамскиот пат Круната на Црна Гора, откријте што е тоа што ги прави посебни во земјата на планините.

Парк на природата Улцињска солана

На крајниот југ на Црна Гора, во рамките на панорамскиот пат Море и Висина, ќе најдете чист егзотизам- најголемата солана на Медитеранот која ја посетуваат глобално загрозените видови на птици како што е кудравиот пеликан. Посебна атракција за набљудување и фотографирање е јатото од розеви Фламингоси. Улцињската солана опфаќа 14,5 км2 солени базени, во 2019 година добива статус на мочуриште од меѓународно значење, а истата година е прогласена и за парк на природата. Но тоа не е се. Најголемиот број на тропски денови во поранешна Југославија е забележан токму тука.

Парк на природата Драгишница и Комарница

Се наоѓа на планинското подрачје на планината Шавник, на панорамскиот пат Круната на Црна Гора, овој парк се одликува со се она што би посакал секој љубител на природата. Тука има густа шума од црн есен, бука и елка, реките се богати со пастрмка и липљена, додека во паркот можете да најдете 65 различни видови на печурки. Најпозната атракција е кањонот Невидио, кој го прослави овој крај со својата дивина.

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.