Tематските плажи

Црногорскиот брег е долг 293 км. Доколку патувате од Херцег Нови до Уљцин ќе наидете на повеќе од 117 плажи. Од мали пристаништа кои се наоѓаат покрај патот, завлечени неоткриени ували, бетонски плажи, до долги песочни морски оази...

Ада Бојана

Дека за среќата се доволни, сонцето, солта и ветерот ќе сфатите кога ќе појдете на Ада Бојана- остров кој е во прегратка на реката и морето. Се наоѓа на 15 км од Уљцин и ги збира вистинските љубители во природата. Бојана е единствената река во светот која некогаш тече и обратно, со што ја објаснува чудната енергија на ова место. Не е важно дали спиете во шатор, камп, имровизирана куќарка, или во рибарска сојеница, вашиот дух го чуствува ритамот на природата. Овде се наоѓа и најголемота нудистичка населба на земјата. Без разлика дали сте нудиста или не, ќе признаете дека не постои подобро место за примена на нудистички принципи од Ада Бојана.

Голема плажа

Сите плажи во Црна Гора се убави, ама Големата плажа во Уљцин е нешто друго. Ја викаат уште и друга димензија. Има ситен песок, каков што нема нигде на Јадранот, кој е богат со минерали и лековит. На најголемата плажа на Јадранот можете да медитирате, да се шетате по бесконечно плитко море , да јавате коњ, да играте одбојка во песокот, да возете кајт, да гледате како паѓа дожд од метеори и најубавиот залез на сонцето во светот.

Женска плажа

Во близина на Уљцин се наоѓа нудистичката лековита карпеста плажа, за која се верува дека поради богатството на водород сулфуд има позитивен ефект врз женската репородуктивна функција. Затоа на оваа плажа најчесто доаѓаат само припадниците на женскиот пол, кои исто така уживаат во сенката на боровата шума и мистичноста на пештерата која ја прави поинтригантна.

Пет френдли плажи

Не можете да го замислите одморот без вашето домашно милениче? Имаме добри вести, базени кои се наменети за вашите кожни пријатели се наоѓаат покрај Црногорскиот брег. Побарајте ги на деловите од следниве плажи: Голема плажа (Уљцин), Тополица (Бар), Буљарица и Словенска (Будва), Кукојина (Тиват), Пелузица (Котор), Шеталиште за миленичиња Даница (Херцег Нови). Тука имате се што ви е потребно за пријатен одмор со вашето милениче – тушеви,сад за вода и храна, како и реквизити за чистење.

Плажа на Кралицата,Чањ

Исто како што и сугерира нејзиното име, ќе се чуствувате кралски на оваа плажа. Сместена е во близина на Бар, до нејзе можете да стигнете само со брод, а некогаш била омилен залив на Кралицата Марија Караѓорѓевиќ. Ситни црвенкасти каменчиња, кристално чиста вода, звукот на брановите... Дали мислите ви одлетаа?

Свети Никола

Најголемиот остров на јужниот дел на Јадранот – Свети Никола во Будва, се најде заслужно на престижниот список на "Форбе" на најубавите плажи во Европа. Тука има безброј неоткриени островски заливи кои не се меѓусебно поврзани и до нив може да се стигне само преку морето. Потполната приватност и чистата дива убавина, звучи примамливо, нели?

Облатно

Кога после тишината и дивата убавина не сакате да се оддалечите од Тиват а сакате да се забавувате, тогаш тргнете кон Облатно. Таму е се посветено на морето, добрата музиката и убавите журки на плажата. Токму таква забава за каква што понекогаш сите мечтеаме.

Блатна плажа во Игало

Блатна плажа во близина на Херцег Нови го позиционира овој град како здравствено летувалиште. На ова песочна плажа мештани и туристи можат да уживаат целосно бесплатно во спа и лековитиот третман со кал. Истражувањата покажаа дека токму овде успешно се лечат ревматизам и други болести на локомоторниот систем.

Добреч

Ако сте љубител на скриени, изолирани плажи, посетете ја увалата Добреч на полуостровот Луштица, кој му припаѓа на Херцег Нови. До нејзе можете да дојдете само со бродче што доволно ви кажува за незагаденоста на бујната медитеранска вегетација која ја окружува.

Со клик до плажа

Ја бирате плажата на која ќе се „преселите„ ? Одлучете се брзо со помош на офлјн мобилна апликација Enjoy Montenegro Coast: Offline Guide. Апликацијата содржи прегледна офлајн мапа со информацији за одбраното место за капење, марина или заштитено подрачје на брегот и на два е јазици црногорски и англиски. Апликацијата ќе ја пресмета најблиската рута од моменталната локација на корисникот до вашата дестинација. Уживајте !

Оваа страница користи „Kолачиња“ за да обезбеди подобро корисничко искуство. Ако сакате да ги блокирате "Колачињата", поставете го прелистувачот.